Македонската ТВ водителка Снеже Велков колку и да вежба, нејзина здрава навика и нејзина секојдневна рутина која не ја запоставува во никој случај е нејзиниот велосипед кој е тука во секое време и за сѐ.
Токму поради тоа таа сериозно се замисли како да најде начин да заработува по некој денар од тоа што со задоволство го прави.
Убаво би било качена на велосипед да ги билда мускулите, но и банкарската сметка.
Така, таа на социјалната мрежа Инстаграм неодамна за добро утро на сите нејзини следбеници им напиша:
– Замислете некој да ми плаќаше да возам секој ден точак, па јас боржуазија ќе станев – напиша таа.
За нејзината идеа таа направи и анкета со фановите од која заклучи дека од тоа нема да се наполни со пари но, иако има бенефит за здравјето таа очигледно веќе не е задоволна само со тоа па, повторно праша:
– Значи утврдивме ако некој ми плаќа да возам чорбаџика нема да станам . А вака со собирање на плусеви за возење секој ден, некој купон нешто од некаде да земам, м?
Снеже упорно размислувајќи на таа тема ископа информација еднаква на нејзината желба и сепак најде начин од кој со возење точак може и да заработи.
– Kако зрачиш така привлачиш викаат и гледајте што ми стигна:
– Значи и има луѓе што ти плаќаат да возиш. До душа треба и да победиш. Ако победам, честам.
Се разбира, за секоја награда треба и победа, но и голема желба како онаа на Снеже која ја однесе до целта па можеби и до добивката која секој би си ја посакал.
Среќно!
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков