Водителката на емисијата „Нешто конкретно“, Снеже Велков неодамна се пожали дека честопати нејзината шишка и паѓа како завеса пред очи и покажа како се „бори“ со тоа, но сепак сега засега не се одлучува ништо да смени, особено не сега после ова што и се случи.
Преку ноќ, шишката на Снеже Велков стана позната „личност“ со која многумина посакаа да се фотографираат, а водителката со гордост сподели кој се и побара да позира со неа.
Таа сега се пошегува на своја сметка и додека трае новогодишната еуфорија, Снеже беше затекната од интересни фанови кои „посакаа“ фотосесија со неа.
– Запнало мечево да се слика со шишкава моја – ја објасни ситуацијата познатата водителка на своите следбеници.
А, бидејќи Нова Година е на чекор пред нас и се е така магично, а светките, украсите и сијаличките за Среќна Нова беа околу неа па така и тие истото го побараа.
– Исто и сијаличките побараа слика со мене и мојата шишка – продолжи таа.
Но, откако влезе да ги задоволи своите гурмански потреби во еден ресторан се најде повторно во истата ситуација, па го додаде и тоа на нејзината кратка приказна.
– И брокулата исто побара слика со шишка.
И веќе кога други побараа да се сликаат со неа одлучи и таа самата да се слика со шишка како свој фан.
– Исто и јас сама се сликав со шишката.
Но сепак кога мпомисли дека овде е крајот и ќе заврши оваа фотосесија излезе уште една спонтана фотографија со уште еден фан.
– Уште една спонтана фотографија со фан на мојата шишка – со насмевка позираше Снеже со оревокршачот и ја заврши оваа забава.
Па така откако се фотографираше со своите „фанови“ Снеже сега може дефинитивно шишката да ја остави на раат.
А таа да се олабави, опушти и мирно да се одмори… Само некој да не посака да се слика со она што и е… под трегери!
Фото: Printskrin/Instgaram/velkovsneze