Денот на ТВ водителката Снеже Велков е исполнет со многу вежбање, здрава храна и едноставно водење на здрав живот полн со правила. Таа постојано ги челичи телото и духот, а нејзините профили на социјалните мрежи се редовно исполнети со решенија од секаков тип.
Па така, овој пат русокосата дама одлучи да им посвети внимание на нејзините фанови и да им одговори на нивните љубопитни прашања.
Разбирливо, првото прашање беше со вежбањето, па кратко и едноставно ја прашаа дали вежба:
– „Вежбаш ли ?“, а Снеже уште еднаш потврди дека тоа го прави не некогаш туку постојано!
– „Секогаш!“ – одговори таа.
Бидејќи водителката е експерт за одржување на линијата, веднаш доби прашање како да се симне веќе добиената килажа.
– Како да се симнат 10 килограми, без вежбање ?
– Со добар режим на исхрана и калориски дефицит – лесно им одговори.
Познато е дека Снеже Велков подготвува веганска храна или можеби некој здрав оброк и често објавува фотографии од нејзиниот дом па, нејзините фанови беа заинтересирани каде живее Снеже, дали во стан или можеби во куќа?
– Прекрасна! Во стан или во куќа живееш многу убав амбиент.
– Во стан живеам, благодарам.
Снеже доби и едно психолошко прашање, на кое мудро одговори:
– Што кога се чувствуваме како на раскрсница, изгубено, дали сте се чувствувале некогаш така?
– Кај мене запали моментот што почнав да се занимавам со нешто сосема трето да ми се искристализира кој пат да го фатам. Ако постојано мислиш на проблемите се зголемуваат, за тоа јас се дефокусирав за да се намалат.
Секако благодарение на нејзиниот труд кој го вложува во нејзиното тело да изгледа перфектно и енергично посилната половина беше заинтересирана дали има момче ?
– Дали имаш дечко, Снеже?
– Последен пат имав дечко 2006 , од тогаш имам маж.
Па откако Снеже „разочара“ дел од фанови следуваше прашањето и за нејзиниот сопруг и за нејзините деца.
– Колку години е разликата помеѓу тебе и твојот маж и возраста на твоите деца?
– Маж ми е постар од мене 6 години, а децата се 15 и 11 години – откри таа.
И на крај сепак без разлика дали има сопруг и деца таа си доби покана за излегување.
– Дали планираш да идеме на кафе во блиска иднина?
– Еве излегувам. Кај да те најдам?
Брзо, без размислување Снеже одлучи да прифати, а дали се пошегува или не, знае само таа.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Снеже Велков