Радио Милева исповед за разводот

Снежана Бабиќ си ја отвори душата: „Не можам да престанам да плачам“

Снежана Бабиќ си ја отвори душата: „Не можам да престанам да плачам“

Откако во 2009 година стави точка на седумгодишниот брак со Радомир Стојановиќ, приватниот живот на Снежана Бабиќ Снеки е мистерија за јавноста. Таа само еднаш проговори за разводот.

‒ Тоа не е чувство со кое човек може да биде задоволен во животот, но тоа е нешто што треба да го надминеш. Мора да бидете силни и да верувате во себе. Успеав да го надминам благодарение на публиката, мојата музика, песната – изјави неодамна пејачката за разводот за „Курир.рс“, нагласувајќи дека се уште верува во брак.

‒ Мислам дека помладите мора да веруваат во заедништво, верувам во брак, природно е да имаш некој до тебе кој ќе те утеши и сака – рече таа, а сега призна дека понекогаш не може да ги задржи солзите во наплив на емоции.

‒ Има ноќи кога плачеш, кога солзи течат – велам „Снежана, не плачи“, но солзите уште течат. Ама треба да плачеш, да се лутиш… можеби бегај па после кажи си „Доста е, да видам до каде сум. Како да го решам овој проблем, за да не го оштетам мојот кодекс на однесување, народот околу мене и да си направам пат?“, без разлика дали е работа или љубов – изјави Снеки за „Hype TV“.

фото:Instagram printscreen/ snezanababicsneki

To top