Меѓународен ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
По тој повод припадничките на понежниот пол на овој ден добиваат подароци од своите најблиски, пријатели, колеги…
Македонските јавни личности на свој начин го одбележаа овој ден, а преку социјалните мрежи го честитаа „Меѓународниот ден на жената“.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-so-chestitka-za-denot-na-zenata-neka-sekoj-den-vi-bide-8mi-mart/
Водителката и фитнес инструкторката Снеже Велков испрати моќна порака до сите жени. Имено, таа преку својот „Фејсбук“ им го честита на жените 8ми март порачувајќи им да блескаат оти им се може.
„Еј жено од кај ти е силата да издржиш кога еднаш месечно пукаш од болка пред да добиеш.
Еј жено од кај ти е силата кога добиваш породилни болки и мислиш некој утробата ти ја корне.
Еј жено од кај ти е силата да го гледаш своето болно чедо и се распаѓаш од грижи и несоница а нему му се смешкаш раскажувајќи му приказни
Еј жено од каде ти е силата да се собереш после болно раскинување кога целиот свет ти се срушил.
Еј жено како мила стигаш секаде?И на работа и ручек да направиш и деца да земеш од школо и со нив да учиш и домот да го следиш и алишта да испереш…
Еј жено а како се воздржа кога на состанок твојата презентација воопшто не ја гледаа туку го мерката твојот задник?
Еј жено како ли се собра и отиде на работа утрово кога изгледаше најгрдо на свет?
Еј жено колку ли пати го слушаше партнерот како се надвикува со тебе место да те гушне и утеши
Еј жено колку ли пати на мајка ти и рече настаната сум не плачам а срцето ти се кине
Еј жено па ти си карпа.Ти си моќ.
И кога солзи ќе ти надојдат кога твоето дете ти ја чита честитката за 8 март и ќе ти рече Ти си најдобрата мајка на свет-знај дека си!
Блескај мила и денес и утре и кога нема што да облечеш и кога си се здебелила и кога имаш целулит и брчки на лицето.И кога знаеш дека твоја беше идејата што ја презентираше колегата и кога те пцуеја во сообраќај дека не знаеш да возиш.Блескај мила-ОТИ ТИ СЕ МОЖЕ!
НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ПРАЗНИКОТ“, напиша водителката во описот на фотографијата.
Кон честитките се приклучија и нејзините фб пријатели кои и го честитаа „8ми март“. За потсетување, Снеже неодамна го прослави својот роденден.