Радио Милева блеска

Снеже Велков со моќна порака до понежниот пол: „Ок е, жена си мајку му“

Снеже Велков со моќна порака до понежниот пол: „Ок е, жена си мајку му“

Македонската водителка Снеже Велков – блеска, блекса и кога вежба, блеска и кога не вежба, блеска кога готви, блеска кога дели совети….

Денот на Снеже и започнува со физичка активност, па така водителката од раните утрински часови веќе е на терен вози велосипед или пак вежба.

На својот „Инстаграм“ најчесто има објави на кои вежба, или пак готви,а многу често се тука и нејзините совети, мудри мисли, посвети кои знаат да допрат.

Така беше и овојпат кога Снеже напиша моќна порака посветена на сите жени.

-Ок е да се скршиш. Ок е да покажеш дека не можеш, не знаеш дека ти е тешко и имаш проблем. Ок е да признаеш дека не умееш да правиш некои работи. Ок е да признаеш дека ти треба поддршка,ветар во грб,потврда,прегратка или бакнеш-да токму од посилниот пол! Ок е да му ги дадеш најтешките кеси на партнерот. Ок е да му побараш помош на другарот или пријателот за прашање поврзано со колата. Ок е да го замолиш случајниот минувач да ти помогне околу паралелното паркирање. Ок е да го нагрнеш големото сако од партнерот ако ти студи. Ок е да го прашаш колегата за мислење ако не си сигурна за проектот. Ок е ако ти се подискриви круната да дозволиш да ти ја намести маж‼

-Ок е да си кревка,нежна,ранлива,напати плачка и по малку размазена‼
Ок е.Жена си мајку му!

-И не, не труди се да си “маж”за да докажеш дека си силна,моќна,способна или дека вредиш. Оти и на тенка штикла и висока платформа се уште можеш да стоиш цврсто и стабилно на земја. И со тесна сукња или долг фустан се уште можеш да правиш големи чекори напред. И знаеш дека и во “оние денови” се уште можеш да го вртиш светот.

-И не заборавај и скршен нокт се уште можеш неодоливо да го чешкаш партнерот. Па жена си мајку му“, напишаа Снеже на Инстаграм.

Се согласувате ли со Снеже?

To top