Радио Милева

Снеже Велков со моќна порака до мајките на првачињата: „ Не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните“

Снеже Велков со моќна порака до мајките на првачињата: „ Не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните“

Коронавирусот не само што ни го поремети секојдневието, рутините, навиките, и не извади од колосек, туку ја промени и нашата реалност, па сега имаме едно „ново нормално“.

Пандемијата не само што ни ги смени или стопира плановите, навиките, деновите….туку влијаеше и на образованието, студентитите, но и оние најмалите, на дечиња кое одеа во градинка, во училиште кои поради короната мораа да почнат да учат онлајн.

Короната оваа година ја помести и учебната година, па така наместо на 1 септември оваа учебна година започна на 1 октомври, за некои онлајн, а за некои со физичко присуство почитувајќи ги мерките за заштита од корона.

Првачињата, вчераа тргнаа на училиште и седнаа во училишните клупи почнувајќи го својот образовен процес.

Социјалните мрежи беа преплавени од дечиња кои тргнаа во прво одделение, а македонската водителка, финтес инструкторка и мајка на две деца, Снеже Велков на својот „Инстаграм“ напиша порака за сите првачиња:

„Еј ти мајко на прваче
Ако се фалиш мила.❤
Ако направи торта и ако објави секаде дека имаш учениче дома.Акo мила.И ако се расплака кога му ги облекуваше пантолончињата за во школо.Ако.
Само ти си знаеш мајко колку ноќи не си спиена ,само ти си знаеш мајко колку денови си бдеела над тоа мало човече и колку држењето за раче ти било најубава мисија…
И нека зборат мајко Аман овие мајките со децата..Аман..
Денес мајко го пушташ од раче…Тоа раче денес ќе треба да научи да крева два прста кога ќе го знае точниот одговор.Тоа раче денес ќе треба да научи да држи молив во рака и да пишува букви и бројки…тоа раче од денес ќе треба да научи со него да понуди помош на другарчето…Тоа раче денес ќе научи да не удира секогаш кога ќе се налути..
Тоа раче еден ден ќе стане рака чиј цврст стисок ќе ја покаже сигурноста на бизнисменот,тоа раче еден ден ќе биде рака на докторка која ќе држи стетоскоп,тие прстиња еден ден ќе бидат прсти на програмер,таа дланка еден ден ќе ги шутира најдобрите кошеви…

Но не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните..
Дека ако го искара учителката нема мама да дојде и да ја искара учителката
Дека ако некое девојче ја искубе нема мама да дојде и да му возврати со иста мера
Дека ако не научи да пишува и чита добро нема да дојде мама и да и каже на учителката да и стави петка.
Дека тоа што му се спие  не е изговор да не оди во школо…
Дека ако денес не стигнал прв на трката не значи дека утре не треба да трча туку дека мора да трча побрзо…
Научи го мајко на почитување на правилата,на дисциплина,на почитување на авторитет научи го мајко на прифаќање пораз и борба сам за себе …

Некогаш мајко работите колку и да се тешки за гледање мора да се посматраат од страна…
Првачето мајко денес влегува во суровиот свет на реалноста…од тебе мајко зависи дали ќе му дозволиш да стане борец и победник или зависен и несигурен.
Среќен почеток Мајки на победници!, напиша Снеже на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

Инаку, Снеже е мајка на два сина, едниот тргна во 4то, а другиот во 9то одделение.

To top