Радио Милева кралица без круна

Снеже Велков славеше роденден во љубовна четворка: Срце-торта, 4 прскалици и… една машка рака! (ФОТО)

Снеже Велков славеше роденден во љубовна четворка: Срце-торта, 4 прскалици и… една машка рака! (ФОТО)

Некогашната македонска  ТВ водителка, сега пилатес инструкторка, атрактивната Снеже Велков деновиве славеше роденден. Кој по ред, само таа и оние од МВР што издаваат лични карти си знаат, зашто на дамите, секако не им се бројат годините… Ама затоа им се брои нешто друго.

Имено, згодната инструкторка, се стокми, па така средена, нашминкана и дотерана во мини сукњичка и мрежести чорапи, тргна да го прослави роденденот…

За почеток, едно предроденденско селфи во лифтот, колку за потврда дека Снеже изгледа „топ скоцкана“ и подготвена за роденденска акција.

А акцијата не се одвиваше во „четири очи“ – туку во љубовна четворка! Со роденденска срце-торта, 4 прскалици и… една машка рака! Колку за да има која да ги запали… Славеничките прскалици, се разбира!

Со неа – најдрагите луѓе… Воглавном дами… со по некој исклучок! Малку филм и пуканки, малку пиво, па торта…

Филмско – журкаџиски роденденденски лудории, за дупло полнолетство на синооката водителка! За чувство како… кралица! Само навидум, без круна!

Зашто… „вистинските кралици, со љубов си ги (по)права(а)т круните“! Така барем тврди нејзината љубовна 4-ка!

To top