Радио Милева

Снеже Велков се лути кога ќе и речат не се гледа на неа дека вежба, ама сега позираше во бикини и покажа што се резултати (фото)

Снеже Велков се лути кога ќе и речат не се гледа на неа дека вежба, ама сега позираше во бикини и покажа што се резултати (фото)

Убавото чувство доаѓа од внатре, среќата и радоста се состојба на умот – ова е секојдневната животна девиза по која се води Снеже Велков.

Позната ТВ водителка и пилатес инструкторка, деновиве ги минува во Охид покрај езеро, а под одмор, таа не подразбира дека треба да се наспие до покасно и да не вежба, напротив, Снеже е будна речиси од изгрејсонце, облечена спортски за тренинг, позиција пред езерото, мобилниот наместен да снима за да покаже и почнува со утринска акција.

Снеже има инспирација за вежбање за извоз!

За тоа често знае да ги посоветува своите следбеници на социјалните мрежи дека никој друг нема да те натера на тоа, ако ти сам не го сториш за себе.

Неодамна на една фотосесија и кажаа дека не многу се познава, односно дека има мускули од вежбањето, таа малку подналутена, но насмеана, бидејќи позитивата сепак преовладува.

 

View this post on Instagram

 

Вежбање-Најтешката работа на која ќе се натерате! Не палат тука милион достапните опции Не пали другарката која те вика да вежбате,не пали и близината на теретаната која ти е под зграда! НЕМА да те натера дa вежбаш ниту купената справа,ниту новиот велосипед. Ма НЕМА да ни те натера ниту комшијата кој секое утро трча или девојката која секое сабајле се качува на водно. НЕМА да те натера да вежбаш ниту личниот тренер на кого ќе му платиш за те мотивира. Не.Нема да те мотивираат ниту лепотиците со стомачни на инста.Ниту било кој нутриционист кој ќе го чуеш сабајле на емисија. Ниту една мудра мисла НЕМА да те натера да вежбаш не пак фотографија од сала со цена 50% попуст…. Ништо не пали…и се е џабе. Освен едно!!! ТИ.Лично ТИ и твојата одлука,твојот мозок и твојата совест. Само ти можеш да си кликнеш и да се натераш?? Но за да го направиш тоа ти треба силна инспирација Инспирација која и кога ќе имаш воспаление и едвај ќе одиш ќе ти шепне -НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ. Инспирација која и кога ќе ти се спие и ќе те мрзи ќе ти рече:АЈДЕ ДИГАЈ ТОА ЗАДНИКОТ НЕ ТУКУ МРЧИ… Инспирација која и кога не искачат стомачните на видик ќе те потсети дека тука ти се извајаните раце… Инспирација која секогаш кога ќе ти дојде мисла Ај денес да прескокнам ќе те посети на најубавото чувство после тренинг… Инспирација која вежбањето ќе ти го направи стил на живот а не обврска и мачење! А инспирацијата може да биде се нешто и секаде и за секого поинаква и различна…и може НЕМА да се појави денес ни утре..се зависи од тебе кога ТИ ЌЕ ДОПУШТИШ ДА СЕ СЛУЧИ За тоа ги снимам видеaта со вежбање- за да ве мотивираат да си најдете сопствена инспирација и да ви потврдам дека ниту е лесно а некогаш не ни забавно! Но вреди секоја е*ена минута!????? #вежбај #блескај #бидинајдобраверзијаодсебе #аконесегакога #мотивација #тиможеш #workoutmotivation #pilatesgirl #pilateslovers #selflove #doit #yesyoucan #motivation

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

А по толку вежбање, треба и релаксација, малку сончање во бикини. Снеже се разголи и легна под сонцето за малку тен, а моментот се најде на нејзините „стори“ на Инстаграм.

Со тие техники на пилатес вежбање и не треба да биде како за на билдинг натрпевар, но стомачните убаво се видоа, затегнатото тело и топ форма за една жена и мајка на две деца.

To top