До душа згодната инструкторка и јавно му се заколна на пилатесот на „вечна љубов“, ама сепак, тоа ништо не мора да значи… Ех… се колнеле и други и јавно и официјално… И во црква и во матично, па што дека…
Арно ама, синооката инструкторка ќе да не е од тие, па затоа своите пилатес вештини почна да ги промовира и по медиумите, гостувајќи на разно-разни телевизиски емисии.
По инструкторската „еротска панорама ди пилатес“ вежба за очи во еден кадар, искусната Велков на гледачите практично им демонстрираше и дел од своите спортски реквизити, а младиот Валентин послушно и асистираше на сексапилната инструкторка! А што друго му остана? Освен, вежбите за раце! Па го растегна гумичето… до максимум! Дур не пукне!