Рестрикциите во движењето, карантинот, изолацијата и над се полицискиот час никој не го посакува, па ни таа – македионската ТВ водителка и најпозната пилатес инструкторка Снеже Велков, на која и присуството пресд камерите и ТВ екраните и вежбите во пилатес салата, очигледно многу и недостасувале. барем спорд последните споделени фотографии на социјалните мрежи.
Така, Снеже сподели една фотографија од пред 5 години кога беше една од водителите на регионалното, музичко талент шоу „Х-фактор“, каде веруваме се’ уште се сеќавате, победи нашиот Даниел Кајмакоски. Ако не вие, тогаш со радост и носталгија на убавите времиња, белград и Комбанк арената се сеќава таа.
Како што едвај чекаше да се олабават мерките од корона пандемијата, па да се присети како тоа изгледа вежбање во природа. Затоа синооката убавица, се опреми како за на тренинг, седна во автомобил и правец – натура! И тоа не било каде и не во било која природа, туку на едно ептен посебно и мошне специфично место близу до Куманово – мегалитската опсерваторија Кокино!
Можеби локацијата и не е баш најпогодна за пилатес вежби, ама затоа е и кул и култно место, токму на него да го почувствуваш „вкусот на слободата, без страв, без ограничувања, без изговори“ – како што вели самата Снеже во описот покрај споделената фотографија.
А на неа, разгибаната инструкторка во свој елемент. Распослана и растегната на вулканските карпи на Кокино кои некогаш на древните народи им служеле како маркери за поглед на движењето на сонцето, месечината, ѕвездите… и останатите небески тела!
Така и Снеже Велков вежбаше пилатес, со високо кренати нозе како маркери на карпите за прекрасен поглед меѓу нив… За панорама на околината, барање на вашата среќна ѕвезда или во исчекување „сонце да ве огрее“… Во зависност кој што бара во прекрасниот поглед „меѓу нозе“ од нејзината „телескоп поза“ на Кокино!