Радио Милева „Снеже, да е жива и здрава“

Снеже Велков ја „загриза“ 40-тата: Водителката славеше роденден, па без комплекси откри колку наполни – „Дури сега земам залет“

Снеже Велков ја „загриза“ 40-тата: Водителката славеше роденден, па без комплекси откри колку наполни – „Дури сега земам залет“

Македонската ТВ водителка и пилатес инструкторка Снеже Велков деновиве имаше убав повод за славење.

Имено, таа прослави роденден и наполни 40 години, односно e на прагот во петатта деценија на животот. Токму по тој повод, Снеже се огласи на својот Фејсбук.

Таа објави фотографија на која позира  со роденденската торта на која има велосипед, а бројот 40 е напишан со 4 и 0 е декорирана како тркало од велосипед.

Тука е и Снеже со розата во рака и насмевката на лице.

-Ја загризав 40!

-Признавам убави беа и дваесеттите.

-Создавањето на семејство го терав  по стара програма.Се си завршив до 29.

-Паралелно терав и кариера во Бекстејџ.

-Триесетите пак,беа резервирани за големите кариери успеси и проектите како Х Фактор, Големиот брат и VIP на еден ден

-На триесет и кусур,станав и пилатес инструктор ама и сопственичка на хаштагот #блескај а од пред три години добив  и повреда на коленото која пак ми го донесе точакот како лек

-Сега кога веќе нема да имам ни 2 ни 3 напред во годините редно е да кажам:

-Фала им на мама Цвета и тато Здравко што веруваа во мене и ја пуштија мојата своеглавост да стигне таму каде што сакав во овие 40 години.

-Што би се рекло сите во фамилија инженери-А Снеже-Да е жива и здрава

-Фала им на оние кои не веруваа во мене заради кои станав посилна ,подобра и поуспешна.

-Фала им на пријателите кои се тука до мене за да ме бодрат и тогаш кога не сум силна не сум добра и не сум успешна.

-Фала им на сите кои намерно или случајно ми се појавиле во животов овие 40 години-секој бил тука со причина,со тест или како лекција.

-А најмногу фала на моите  тројца неверојатни човечиња:Дарко,Дарин и Ален.

-И за крај да си кажам:

-40 (и со букви)ЧЕТРИЕСЕТ

-Доволно многу сте за да не не можам да се вадам на младоста од дваесетите

-Доволно звучни сте да не можам да се повикам на неискуството од триесетите…

-Ама и доволно многу сте да немам време за чекање…

-За се останато малку сте.

-Дури сега земам залет, напиша водителката покрај неколку фотографии на социјалните мрежи.

Инаку, добро е познато дека водителката е активна на социјалните мрежи, па секојдневно објавува постови, а тоа е најчесто како во утринските часови вози велосипед, вежба, или пак знае да напише емотивен статус, да „растури“ со зборови, или пак да направи некој здрав рецепт и со истиот да се пофали на социјалните мрежи.

Честитки, среќен роденден Снеже.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

фото: фесјбук/снеже велков

To top