Радио Милева рекреација, релаксација и едукација...

Снеже Велков – инструкторка по „три во едно“: Нејзините практични совети на отворено, може да ви се најдат… и „во затворено“ (ВИДЕО)

Снеже Велков – инструкторка по „три во едно“: Нејзините практични совети на отворено, може да ви се најдат… и „во затворено“ (ВИДЕО)

Снеже Велков е едно од оние ТВ лица кое во изгледот со години останува „Status Quo“. Како замрзната во времето, кое неминовно си тече, но очигледно речисси и да не влијае на нејзината, става, тежина, свежина, лицто, комплетниот изглед…

Оттаму, логично  произлегува прашањето како и поаѓа од рака да остане навидум иста? Генетика, козметика, гимнастика, нутриционизам, пилатес, јога или некоја нова „здрава дрога“ е во прашање, кога се работи за нејзиното неменеување, во поглед на физичкиот изглед?

Општо познато е дека синооката убавица покрај ТВ водителството последниве години е и пилатес инструкторка, па кога секојдневните вежби и физичката активност ќе се измиксаат со дел од посочените предиспозиции, станува јасно како Снежа секогаш изгледа толку свежа, згодна, убава и млада!

Но, теретаните, спортские сали, вежбањето и групирањето заради короната се’ уште се под ембарго и клуч, па затоа Велков последниве месеци наместо во затворено вежба на отворено. И тоа на некои чудни места, кои секогаш ги наоѓа за да покаже нова поза од нејзиното физичко умеење, која таа ја прави со смеење, додека повеќето на кои вежбањето им е мачење, не би ја извеле ниту со плачење.

Најпрвин македонското „астрономско светилиште“ Кокино и беше дестинација за тренинг и релаксација, па таму Снеже Велков вежбаше пилатес, со високо кренати нозе како маркери на карпите за прекрасен поглед меѓу нив… Пилатес за ослободување од стрес со прекрасна панорама на околината или на инструкторката, во зависност кој во каква глетка повеќе ужива.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/sneze-velkov-na-pilates-na-kokino-vo-teleskop-poza-visoko-krenati-noze-kako-markeri-na-karpite-za-prekrasen-pogled-megju-niv-foto/

Потоа Снежа истите вештини ги покажа и покрај езерското крајбрежје. Вежбата слична, само околината различна, како и погледот, различен од нејзин и ваш агол, во зависност чиј каде завршува: Во инструкторката на фронтот или во далечина на хоризонтот!

Деновиве Снеже Велков најде нова локација за сопствена рекреација, но и за ваша едукација. Пилатес инструкторката одново реши да се дислоцира покрај вода, па покажа како минува дел од денот вежбајќи покрај базенот.

А, вежбите на Снеже ем здрави и убави, ем полезни и корисни, ем… се три во едно! Здравјето пред се’ – се рабира, телесната убавина и телесната линија – се подразбира, мирот и спокојот на духот со тоа секако оди во пакет, но има уште нешто, што може да ви биде од полза на овој свет. Или поточно во вашиот живот… И тоа сексуалниот. Добро, кондицијата, привлечноста на женското тело и зголеменото либидо веројатно се подразбираат како резултат на вакавата активност, но она што Снеже ќе ви го прикаже во своето најново видео, има уште една добра страна.

Нејзините практични совети и вежби на отворено, може да ви се најдат… и „во затворено“! Конечно и стручњаците по тоа прашање не попусто велат дека секоја нова поза, буди нова доза… возбуда! Па, за да нема заблуда, погледнете го видеото и… пробајте. Впрочем, како што самата инструкторка вели: „Често многу повеќе работи дознаваш само со гледање, отколку со прашување“!

 

 

To top