Снеже Велков не е Снеже Велков ако не е физички активна.
За водителката и фитнес инстуркторката нема изговори кога станува збор за спортување.
Пред да започне пандемијата со коронавирусот, салата во која вежбаше со своите „пилатас девојки“ и беше како втор дом.
Откако започна ова лудило, Снеже почна да вежба на отворено, некогаш во центарот на Скопје, некогаш покрај Охридското крајбрежје, но важно е дека немаше изговори да не вежба.
Периодов, без разлика дали врне, има магла, е ладно или грее сонце, Снеже наутро најчесто вози велосипед.
Фитнес инстуркторката неодамна и ја отвори сезоната на вежбање по дома, а деновиве доби засилување.
Имено, нејзиното помало синче вежбаше со мама. Таа овој момент го забележа со камерата и го објави на „Инстаграм стори“.
„Денес си ја имав најдобрата поддршка за вежбање – блескаме со помалото синче“, напиша фитнес инструкторката.
Потсетуваме, Снеже од 2006 година е во брак со сопругот Дарко и има две синчиња, Дарин и Ален. Таа вежбаше со Дарин.