Радио Милева

Смртен случај во семејството Лазиќ: Дарко е неутешен поради загубата на многу важна личност

Смртен случај во семејството Лазиќ: Дарко е неутешен поради загубата на многу важна личност

Фолк пејачот Дарко Лазиќ оздравува во Белград, а сега фолк пејачот се соочува со нови потешкотии, односно починала бабата со која бил многу поврзан.

Тетката на татко на Дарко Лазиќ изненадно починала, а таа била омилена во нивното семејство.

Дарко со неверување ја примил оваа вест, а и покрај тоа што изразил желба да оди на погреб,лекарите не му дозволиле.

„Семејството Лазиќ е во шок, ненајдено почина баба која ја обожаваа. Дарко е тажен  бидејќи таа е личност која и го одбележи детството. Не беше болна и до последен момент живееше здрав живот. Требаше да го посети Дарко оваа недела, меѓутоа, тоа не му беше судено“ вели добро известен извор.

Родителите на Дарко, Милан и Бранка ги потврдија овие сознанија.

„Не ми се зборува. Почина тетка ми која ја обожавав“ изјавил кратко таткото на Дарко,  а потоа на телефон се јавила и мајката на Лазиќ.

„Низ се што поминавме во последните месеци, ни се случи и смртен случај“ изјави мајката на фолк пејачот.

Откако Лазиќ дознал за смртта на бабата, покрај него е неговата свршеница Марина Гагиќ која му дава целосна поддршка.

To top