Радио Милева заедничка фотографија

„Смислата на мојот живот“: Ана Бекута со емотивна порака и се обрати на личноста која и го промени животот (фото)

„Смислата на мојот живот“: Ана Бекута со емотивна порака и се обрати на личноста која и го промени животот (фото)

Внуката на Ана Бекута, Соња Полиќ, заедно со нејзиниот брат Бранко и беа најголемата поддршка на баба и откако почина партнерот на пејачката Милутин Мркоњиќ, а денес имаат голема причина за славење.

На Соња денеска и е роденден, а гордата баба објави заедничка фотографија на мрежите и јавно и честиташе.

– Смислата на мојот живот се роди пред 23 години. Таа есен беше натпросечно топла, тој октомври беше како втора пролет во една година. Таква каква што е мојата Соња – топла над секој просек, пролет во есен и прегратка што ме грее веќе 23 зими. Среќен роденден мила моја, пролетта на сите мои есени и зими. Бабушка те сака повеќе од животот – напиша Бекута, а честитките само продолжија да доаѓаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Да потсетиме, Ана Бекута неодамна замина во пензија. Ана успешно ја градеше својата кариера со децении, а сега е време за пауза, но веројатно само на хартија.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ана Бекута

 

To top