Живот и Стил

Смеењето е начин на живот

Смеењето е начин на живот

Секој човек се смее на различен начин: гласно и заразно, тивко и симпатично, иритантно и нервозно…

Еве што говори насмевката за личноста која се смее:

Гласната насмевка, пропратена со високи тонови, е одлика на забавните и дружељубиви луѓе. Таквата насмевка е заразна, што значи дека доколку се смееш вака, сигурно си омилена личност во друштвото.
Личностите кои ја потиснуваат својата насмевка добро ги контролираат своите чувства. Имаат добра смисла за хумор, но не мора да се крие тоа, бидејќи е лошо за себе и за начинот на кој ќе бидат прифатени од останатите.

фото:cnn

Нервозната насмевка кај некои е слична на плачот на бебињата, а често претставува начин на кој сакаат да прикријат некоја непријатна ситуација.
Смешкањето е знак на срамежливост, но и ова може да биде многу заразно и симпатично.

Нема живот ако нема смеа. Зарем може да помине еден ден без смеење? – Не… Тоа е светлата и позитивната страна на животот.Секогаш гледајте ја позитивната страна на животот, смејте се секогаш кога ќе имате шанса. Не го сфаќајте животот и луѓето премногу сериозно и дајте си шанса да бидете среќни секој ден.

To top