Македонската метал-кор група „Смат“ (SMUT) го промовираше својот нов видео-спот за песната „Во мојот град“, кој е објавен на „Јутјуб“ каналот.
Владимир Митревски – Ѓуле ја потпишува режијата на видеото „Во мојот град“ кој е воедно и прв видео-запис од новиот албум на „Смат“ насловен: „Тие се насекаде“. Овој албум e петто студиско издание во досегашната, повеќе од 20-годишна кариера на бендот кој е основоположник на таканаречениот метал-кор стил и и важат за една од најценетите групи во овој дел од Европа.
Песната, како што велат, е посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства и ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи, а во нив невини жртви се децата.
„Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско езеро“ – порачуваат „Smut“.
Во видеото како специјална гостинка се појавува и македонската актерка Виолета Шапковска, а како е сето тоа спакувано проследете во продолжение.