Радио Милева
пролетен хит

Слобода Миќаловиќ во фустан кој ја воодушеви и Моника Белучи: Убавата актерка со цветниот дезен привлече големо внимание (фото)

Слобода Миќаловиќ во фустан кој ја воодушеви и Моника Белучи: Убавата актерка со цветниот дезен привлече големо внимание (фото)

Прославената актерка Слобода Миќаловиќ важи за една од најубавите Србинки. Нејзината убавина се карактеризира со женственост и елеганција, а токму тоа се комбинациите кои ги носи актерката и кои секогаш привлекуваат големо внимание.

Дека го негува својот стил и кога не е пред камери и на јавни настани, докажа со новата фотографија која ја објави на социјалната мрежа „Инстаграм“.

На фотографијата која за помалку од 24 часа собра повеќе од 11.000 лајкови, Слоба седи босa, ужива во сончевиот ден и носи фустан кој дефинитивно е вистински пролетен хит.

Со оглед на тоа дека Слобода уживаше во топлината на својот двор, таа стави само очила за сонце како моден детаљ.

Под оваа објава можете да видите бројни комплименти за изгледот на Слобода, а во „морето“ од нив се издвојува коментарот на популарната актерка Моника Белучи.

Имено, Моника под фотографијата оставила три емотикони со срца, а актерката исто и одговорила.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева