Планетарно популарниот холивудски актер Овен Вилсон, кој има три деца со три различни жени, ги шокираше своите обожаватели признавајќи дека не сака да ја запознае својата ќерка Лајла.
Овие детали ги откри и неговата поранешна девојка за „Дејли Меил“.
– Никогаш не ја запознал Лајла. Тој помага само финансиски, но никогаш тоа не беше потребно. На Лајла и треба татко. Иронично е што Овен цело време глуми татко на филм, а никогаш не се запознал со својата ќерка “, рече таа.
Екс-девојката му порача на актерот дека треба да одвои време и конечно да се сретне со малата ќерка.
– Треба да ја види ќерка си. Неверојатна е, многу и недостасува татко. Таа изгледа како тебе “, истакна таа.
За потсетување…
Славниот актер првично не веруваше дека Лајла е негова ќерка, па затоа побара тест за татковство. Кога конечно се докажа дека е нејзин татко, тој на суд изјави дека не сака старателство над девојчето. Славниот актер одржува контакт со своите синови од претходните две врски.