Радио Милева Потонал во депресија

Славниот фудбалер Франческо Тоти откри дека сопругата го изневерувала со тренерот: „Ме остави како пес кога ми беше најтешко“

Славниот фудбалер Франческо Тоти откри дека сопругата го изневерувала со тренерот: „Ме остави како пес кога ми беше најтешко“

Кон средината на јули светот беше шокиран од веста дека Франческо Тоти (45), легендарниот фудбалер на Рома и неговата сопруга Илари Блаци (41) ставија крај на бракот по 20 години љубов и три деца. Првично медиумите наведуваа дека за разводот се виновни измамата и романсата на Тоти со 34-годишната Италијанка Ноеми Боки, но набрзо јавноста дозна нешто поинаку.

Неодамна и самиот Франческо Тоти потврди дека измамата ја започнала Илари, која со месеци го изневерувала фудбалерот со фитнес тренерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilary Blasi (@ilaryblasi)

По тој повод реши да проговори и искрено да каже како изгледало се’.

– Не е точно дека јас сум тој кој прв го изневери нашиот брак. Реков дека нема да зборувам за тоа и не сум зборувал, но прочитав премногу лаги во последните неколку недели. Некои од нив предизвикаа да страдаат моите деца – изјави тој во интервју за „Кориере дела сера“.

Легендарниот фудбалер додаде дека повеќе нема да дава изјави за медиумите за да ги заштити своите деца.

– Вистинската криза изби меѓу март и април минатата година. Но и пред тоа долго време страдав. Поминав низ тежок период – прво затоа што ја завршив кариерата, а потоа татко ми почина поради Ковид 19. И јас страдав од тој вирус две недели. Меѓутоа, мојата сопруга, кога ми беше најпотребна, ја немаше – објасни прославениот 45-годишник.

– Кога врската ќе се распадне, вината секогаш се дели: половина – половина. Требаше да поминам повеќе време со неа.
Гласините за можното неверство на неговата сопруга во еден момент стигнаа до Тоти:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

– Во септември минатата година слушнав озборувања: ‘Илари има друг’. Всушност, таа имаше повеќе од еден.
Фудбалерот го проверил мобилниот телефон на сопругата за да ги потврди гласините – за жал, тие се покажаа точни.

-Никогаш не сум го направил тоа 20 години, ниту таа ми го направила тоа. Но, кога неколку различни луѓе на кои им верувам ме предупредија за тоа што се случува, морав да станам сомнителен. Го погледнав нејзиниот мобилен телефон и дознав дека има трето лице, кое беше посредник меѓу Илари и некој друг. На него пишуваше нешто како: „Се гледаме во хотелот“ – рече тој.

Тоти истакнува дека ова сознание го фрлило на дното и дека потонал во депресија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

– Во минатото имаше гласини и за неа и за мене. Но, тоа беа навистина само гласини. Но, сега го најдов доказот. Тоа беше факт. И тоа ме направи депресивен. Не можев да спијам повеќе. Се преправав дека се е во ред, но веќе не бев јас, бев некој сосема друг. Излегов од тоа благодарение на Ноеми.

Поранешниот капитен на Рома истакна дека врската со Ноеми ја започнал по неверството на Илара:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francesco Totti (@francescototti)

– Претходно бевме пријатели. Потоа по Нова Година прерасна во нешто повеќе. Илари веќе излегуваше со други мажи пред да се роди мојата приказна со Ноеми, пренесува Курир.рс.

фото:Instagram

To top