Сите во нејзиниот роден град, цела Македонија како и многумина во регионот се радуваа на успехот кој го постигна струмичанката Славица Ангелова, која успеа да го освои првото место на „Ѕвездите на Гранд“ за изминатата сезона. Летната пауза дваесетгодишната струмичанка не ја искористи само за да одмара, туку летото за неа беше и работно.
Така, таа во првата емисија од новата сезона на најгледаното регионално музичко талент шоу премиерно ја изведе својата песна која е дел од наградата што ја доби за освоеното прво место.
Славица со нејзината изведба на грандиозната сцена на “Гранд“ пред милионскиот ТВ аудитуриум повторно никого не остави рамнодушен. Македонката уште еднаш растури, откако овој пат понуди… „Рози и крв“.
Така носи наслов на нејзината деби тема која за само неколку часови има бројни прегледи на Јутјуб и доби илјадници позитивни коментари. Автор на песната е Александар Милиќ Мили, кој заедно со Саша Лазиќ и Лилјана Јорговановиќ го напишал и текстот, а со марко Глухаковиќ го направиле и аранжманот.
“Моментот што го чекала целиот свој живот Славица на најдобар можен начин го искористи. Песната е моќна поп-фолк балада која уште од првите тактови ќе ве наежи, а стиховите се уште помоќни и повпечатливи, кои публиката ги препознава и прифаќа на прва, па затоа песната има големи шанси да стане една од оние безвременски балади.
Но не само публиката, туку и членовите на жирито осдтанаа занемени и од песната и од изведбата на распеаната Македонка, за што најдобро зборува изразот на нивните лица додека Славица на сцената за прв пат ја промовираше песната.
Доколку се’ уште не сте ја слушнале, погледнете го нејзиниот настап во првата емисија од новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ каде Славица Ангелова ја промовираше својата песна – „Руже и крв“: