Мегафон
јубилеј: 40 години “оргазам..“

Славенички концерт на „Електрични оргазам“ во МКЦ

Славенички концерт на „Електрични оргазам“ во МКЦ

Електрични Оргазам во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични Оргазам за музиката.

Влезниците  се пуштени во продажба денес, вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.

Време е да игра рокенрол цела Македонија!
Важно: Се одржува само еден концерт во МКЦ!