Ова ми е омиленото слатко, штета што зрелите смокви ги има краток период, едноставно морав да ги искористам.
Овој пат смоквите се од една прилепска смоква (добро е што ја открив ха ха), а по изглед се крушковидни како оние од Домашното слатко од крушковидни смокви на Катерина.
– Смоквите ги ставив во сад со вода и сода бикарбона, да спомнам дека смоквите треба да се средно меки, ни многу тврди ни многу меки.
– Потоа ги исплакнав и им ја излупив лушпата, а ќе потенцирам дека овој вид на смокви при лупењето не ми се распаѓаа.
– Водата и шеќерот се ставаат на оган, да врие 7-8 минути и се ставаат смоквите.
– Се вари на среден оган со повремено протресување, се собира пењата.
– После 1 час и 30 минути се става лимонтусот и се вари уште 30 минути.
– Се собира веднаш жешко во теглички бидејќи кога ќе излади, слаткото ќе желира.
– Тегличките ги стегаме убаво, ги превртуваме наопаку и ги завиткуваме со некоја крпа, оставаме така додека да се изладат сосема.
извор: мои рецепти