Слаткаристика го претстави својот нов сингл насловен „Луда романтика“, со кој им го честиташе 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол. Песната е промовирана во пакет заедно со романтично видео кое е снимено во Венеција, каде што популарниот хип-хоп артист уживаше со својата сопруга Сања Николиќ.
Автор на стиховите е самиот Слаткаристика, а музиката им е заедничка со колегата Иван Иванов – Ивајо, кој го направи и аранжманот, додека видеото е во режија на Флукс. се очекува и оваа песна да биде хит, а како изгледа и звучи мајсторот за „Луда романтика“ во својата нова песна и видео, дознајте во продолжение: