Откако пред шест години стана мајка на преслатко девојче, Славица Ќуктераш донесе цврста одлука да го крие своето бебе од јавноста што е можно подолго. Пејачката не сакала нејзината наследничка непотребно да се шири низ печатот и порталите, па вешто ја криеше сите овие години. Јавноста молчеше на прашањето како изгледа ќерката на Славица Ќуктераш, личи ли Викторија на нејзината мајка или татко, голманот Владо Аврамов, до неодамна кога Славица направи исклучок.
Пресреќна за роденденот на својата ќерка, Славица направи неколку фотографии и со следбениците на „Инстаграм“ сподели колку порасна нејзината наследничка.
Врз основа на тие неколку кадри, можеше да се заклучи роденденот на ќерката единицат го прославила во игротеката, каде ги угости сите другарки од градинка, а украсот на тортата ги откри афинитетите на малата славеничка.
Овој потег на пејачката наведе многумина да и дадат комплименти и да коментираат дека е прекрасна, самопожртвувана мајка, подготвена да направи се за својата принцеза, што не е далеку од вистината.
По разводот таа остана во добри односи со таткото на Викторија, а заради нејзиното здраво растење заедно ја воспитуваат. Ќерката на Славица Ќуктераш е среќно девојче кое ужива во љубовта на двајцата родители.
фото:Инстаграм принтскрин