Живот и Стил

Слатка магија во чинија која ќе ве освои од прва, супер брзо тирамису

Слатка магија во чинија која ќе ве освои од прва, супер брзо тирамису

Брзиот тирамису е едноставен и вкусен колач кој ќе го воодушеви вашето сетило за вкус, а состојките што ќе ви бидат потребни се маскарпоне сирење, јајца, бисквити, кафе, кафеав шеќер, ванилин шеќер, какао во прав и рум. Уживајте!

Состојки:

500 гр маскарпоне сирење
400 гр бисквити
три шолји кафе
шест лажички кафеав шеќер
ванилин шеќер
три лажички какао во прав
две лажички рум

Подготовка:

Сварете го кафето и оставете го да се излади. Одделете ги жолчките и белките. Изматете ги белките со три лажички шеќер додека не се стегнат. Измешајте ги жолчките со преостанатиот шеќер.

Во садот со жолчките додадете го сирењето маскарпоне и румот и нежно измешајте. Кога ќе се добие еднолична смеса, се додава снегот од белки.

Потопете ги бисквитите во изладеното кафе и наредете ги на дното од стаклениот сад, па прелијте со кремот. Постапката повторете ја уште два пати, а последниот слој посипете го со какао. Изладете и послужете.

Извор: Курир.мк

To top