Живот и Стил

Сладок напиток кој ја спречува упорната кашлица, а се прави од само 2 состојки

Сладок напиток кој ја спречува упорната кашлица, а се прави од само 2 состојки

Децата го сакаат поради слаткиот вкус, а возрасните поради поволното дејство врз здравјето.

Пијте шербет и згрејте се во овие ладни денови. Доколку сте настинати или ве мачи упорната кашлица, шербетот ќе ви го реши тој проблем.

Состојки:
– 1 лажица шеќер;

– 200 милилитри млеко.

Подготовка:
Шеќерот ставете го во ѓезве и загрејте го на рингла. Поради тоа што тој за кратко време ќе се стопи, подобро е ѓезвето да го тргнете од оган затоа што може да загори. Штом шеќерот ќе стане течен и ќе добие златна боја, т.е. штом ќе се карамелизира, веднаш додадете го млекото во ѓезвето, а потоа оставете да зоврие.

Послужете го топлиот напиток и уживајте во него.

На здравје!

извор:точка.ком.мк

фото:shutterstock

To top