Живот и Стил

Скокање јаже за топење масти

Скокање јаже за топење масти

Скокањето на јаже е една од најефикасните кадио вежби, забавна е, не е еднолична и ги активира сите мускули од вашето тело, почнувајќи од ремениците, задникот и нозете. Згора на тоа, со 45 минути скокање на јаже согорувате дури 450 калории!

За максимален ефект и удобно вежбање потребни ќе ви бидат :

  1. Јаже за скокање со соодветна должина
  2. Удобни и цврсти спортски патики
  3. Спортски градник
  4. Помек под (или изомат)

Се снабдивте со соодветната опрема? Почнете!

Скокови во место – Започете со правење на скокови со место. Со погледот следете ја траекторијата на јажето, главата и грбот држете ги исправени. За почеток направете 70 скокови во место со споени нозе (пожелно е да ги направите сите 70 во една минута, но доколку сте почетник дајте си време). Потоапрескокнувајте го јажете со едната па со другата нога наизменично, со тоа што едната нога ќе биде благо подигната од земја. Повторете го овој скок 70 пати со тоа што броите едно прескокнување откако ќе го направите и со двете нозе.

Скокови со движења како да трчате – Секогаш кога го прескокнувате јажето свиткувајте ги и кревајте ги колената како кога трчате. Обидете се ова да го направите 80 пати во минута.

Напред – назад скокови – Кога го прескокнувате јажето потскокнете и придвижете го телото нанапред или наназад, наизменично. Ваквите скокови ќе направат чудо за тонирањето на мускулите на нозете.

Кога ќе ги совладате овие три основни, и кога ќе успеете да ја направите посакуваната бројка од истите во една минута, време е да се обидете и со напредните скокови. Такви се двојниот скок и осумки. Ова подразбира дека при правењето двоен скок јажето под вас треба да помине два пати. Доколку правите осумки, со држење на рацете во висина на колковите, непосредно пред да падне на земја треба да го прекрстите јажето во форма на бројот 8 и да го прескокнете.

To top