Бурата која се крена околу односот на Ана Николиќ и нејзиниот поранешен сопруг Стефан Ѓуричиќ Раста со денови никако да стиши.
Пејачката пред неколку дена изнесе жестока оптужба на сметка на поранешниот сопруг, а неговата мајка не можеше да издржи и да не се вмеша во целата оваа драма.
Поранешната свекрва наводно ја контактирала Ана за да ги избрише пораките од Раста која ги објави јавно на својот Инстаграм профил.
На неговата мајка и засметало тоа што поранешната снаа направила целосна драма и ситуацијата излегла од контрола.
-Во нашата врска/брак ниту една сметка за струја немаш платено, ти го реновирав станот и се уште е во иста фаза, бидејќи ти си навистина емотивен и функционален инвалид. Немаш ниту ден работен стаж, секоја турнеја, албум, во животот го помина на лекување и откажување само бидејќи си мрзлива. А сега добро запомни ме, никогаш во животот нема да ти дадам ништо, стои во дел од нејзината објава.
По ова Ана сепак ја испочитувала својата поранешна свекрва и го избришала постот од пораката која и ја испратил Раста.
Инаку родителите на Раста се образовани и успешни луѓе во своите професии, а двајцата важат за академски граѓани. Неговиот татко е доктор по филозофија и професор по класична германска филозофија на Филозофскиот факултет, а е и автор на бројни стручни студии.
Додека пак неговата мајка е професорка на Факултетот за безбедност во Белград.
извор: АТА Images/ Nikola Tomic/Instagram printskrin