Послужете ги како мали колачи на славата.
Комбинацијата на кафе и чоколадо е нешто што дефинитивно излегува добро.
Состојки:
600 мл млеко
50 гр шеќер
40 гр пченкарен скроб
60 гр млеко во прав
200 гр стопено чоколадо
60 мл кафе
Подготовка:
Во сад измешајте ги млекото, шеќерот, пченкарниот скроб, млекото во прав и кафето. Гответе на тивок оган додека смесата не стане густа. Оставете да се излади и изблендирајте. Префрлете во силиконско тавче за мафини во форма на полукругови и замрзнете 2 часа. На едните половини од топчињата ставете стапчиња од сладолед, а на другите половини малку од смесата и залепете за да формирате топче. Замрзнете уште 1 час. Секое топче потопете го во растопеното чоколадо и замрзнете уште 30 минути.
Извор:Курир.мк