Позната пејачка Емина Јаховиќ покрај тоа што е многу успешна во работата, се покажа и како многу добра актерка. Имено, таа играше во турската серија „Поле на лалињата“, а сега дел од серијата излезе на површина и ги „запали“ социјалните мрежи.
Емина е позната по многубројните таленти, со оглед на тоа што песните што ги пее сама ги пишува, а не е редок случајот да напише понекој хит и за своите колеги.
На социјалните мрежи се појави видео од серијата во која Емина ја играше главната женска улога, а позитивните коментари не престануваа.
Suna Seyran 7. Bölüm kavgası pic.twitter.com/q0hsc50B7W
— Vaybes (@vaybess) November 1, 2022
„Емина Јаховиќ глуми подобро од половина актери, не можете да ме убедите поинаку“, „Не ни знаев дека глуми во турска серија, ле ле“, „Никогаш не ја гледав, но знам дека глумеше таму“ , се само дел од коментарите.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Емина Јаховиќ