Тема број еден е филмот „Барби“ , како и манекенката Софија Милошевиќ која со својот изглед ги засени сите на премиерата во Србија.
Нејзиниот изглед едноставно маѓепсува и изгледа како целосно да ја оживеала куклата барби, а ова го изјави манекенката додека беше покрај популарниот розов кабриолет.
– Како дете создавав барби кукли кои беа смешни. Тогаш, секако, мислев дека тоа е ремек-дело, а денеска ми е особено драго што сум во фустан на настан – изјави Милошевиќ.
Да потсетиме, манекенката е горда и успешна сопственичка на брендот „Софи Мило“ и се занимава со производство на гламурозни тоалети, а популарната манекенка на овој настан присуствуваше како амбасадор на споменатиот бренд.
Покрај неа присуствуваа и пејачките Анџелина и Сара Џо, како и манекенката Данијела Димитровска.
Фото: Принтскрин/Милета Мирчетиќ