Радио Милева
раскошно

Сите погледи вперени во неа: Јелена Карлеуша се појави во црна венчаница на настан и предизвика реакции (фото)

Сите погледи вперени во неа: Јелена Карлеуша се појави во црна венчаница на настан и предизвика реакции (фото)

Поп дивата Јелена Карлеуша ги изненади сите присутни со посебен стајлинг за настан во главниот град кој се одржува во луксузен хотел во Белград.

Кога таа се појави на црвениот тепих, блицовите на камерата не престанаа да „блескаат“.

Јелена за оваа пригода се појави во долг фустан, со „балски“ крој, чиј дизајн по малку потсетуваше на венчаница, освен што е црн. Половината на фустанот е украсена со детал изработен од најфината проѕирна мрежа, тул до подот, а тенкиот струк на пејачката дополнително го истакнал широк појас, исто така во црна боја,  а стајлингот го заокружи со црни ракавици од брендот „Mugler“, кои воопшто не се евтини и шал околу вратот.

Кога станува збор за шминката, таа се одлучила за подискретна варијанта.

Пејачката на настанот пристигнала многу расположена, а на нејзиниот стајлинг никој не останал рамнодушен.

Фото: Притскрин/Стефан Стојановиќ

Останати вести од Радио Милева