Радио Милева

„Сите плачевме кога се роди Александар“: Лепа Брена открива дека сега Пријовиќ и е поблиска до срцето

„Сите плачевме кога се роди Александар“: Лепа Брена открива дека сега Пријовиќ и е поблиска до срцето

Лепа Брена не ја крие среќата што нејзиниот посинок Филип Живојиновиќ и снаата Александра Пријовиќ ја израдуваа со тоа што добија син и го проширија семејството.

-Многу сме возбудени и радосни. Беше момент кој не може да се опише. Тоа е целосно ново, посебно значење. Едвај го чекавме и неколку дена по регуларниот термин и кога тоа утро се роди, настана еуфорија која веќе неколку дена не престанува, открива пејачката за српски „Ало“ и додава:

фото:инсатграм/лепабрена

-Филип веднаш ни се јави и истата секунда сите почнавме да плачеме. По раѓањето на моите деца, раѓањето на малиот Александар е најубавото чувство кое сум го доживеала овие години.

Брена додава дека постојано и се плаче од среќа, при помислата на ова среќно случување во нивните животи, како и тоа дека Александа сега и е уште поблиска до срцето.

Александара и Филип станаа родители на Александар изминатата среда во една приватна болница во Белград.

To top