Радио Милева

Сите ја предупредиле дека е „баксуз“: Анабела Атијас ја откри тајната за свршеничкиот прстен (видео)

Сите ја предупредиле дека е „баксуз“: Анабела Атијас ја откри тајната за свршеничкиот прстен (видео)

Анабела Буква по седум години се разведе од сопругот Андреј Атијас, а сега првпат јавно проговори за разводот и во каков однос е со нејзиниот поранешен сопруг.

Во емисијата „Магазин ин“, Анабела откри нови детали за бракот и призна дека со Андреј останале пријатели.

Меѓутоа, исто така така откри тајна за нејзиниот свршенички прстен, односно го откри неговото значење и дека сите и предвидувале дека ќе и носи лоша среќа.

фото: Принтскрин/јутуб

Таа откри дека нејзиниот прстен се викал “тензија“, иако и кажале дека е “баксуз“ таа била упорна да дека го сака тој прстен.

„Мене многу ми се допадна свршеничкиот прстен кој беше во каталогот, го работеше еден наш познаник. Прстенот имаше дијамант кој тензично стоеше внатре во прстенот. Јас бев упорна дека тој прстен е најубав“ изјави Анабела во емисијата и додаде:

фото: Принтскрин/јутуб

„Многу бргу го изгубив тој прстен, па и сопругот. Го изгубив додека чистев со правосмукалка. Бев предупредена дека не треба го носам прстнеот додека чистам. Не сум суеверна, но сега веќе го нема прстенот. Мене ми рекоа дека моето време допрва доаѓа, после 45 година“ изјави Анабела.

https://www.youtube.com/watch?v=0-14vIQ-Zuw

To top