Варените јајца имаат многу пократок рок отколку свежите и никако не смеат да се чуваат како украс на масата.
Стручњаците предупредуваат дека основно правило по варењето на јајцето е дека треба да се чува во фрижидер, а не во корпа на масата, како што се практикува кај нас.
Колку долго по Велигден може да се чуваат јајцата на маса ако главен украс?
Тешко е да се процени колку јајца би требало да се сварат за Велигден, но во повеќето случаи јајцата остануваат многу подолго отколку што треба. Доколку јајцето се остави на собна температура подолго од два часа, станува подложно тло за растење и размножување на бактерии.
Како резултат на тоа, се јавува труење. При варењето од јајцето се отстранува заштитниот слој кој ја обвива лушпата која инаку го чува јајцето. Без неа, јајцето се изложува на воздух, температура и бактерии.
Доколку сакате да ги чувате јајцата на собна температура – изедете ги истиот или најдоцна наредниот ден, додека во фрижидер, јајцата се безбедни за јадење и до шест денови.
извор:среќа.мк