Радио Милева
барбика...

Сите до неа со роденденски честитки, Карлеуша до него со скриена порака: „Мисли на мене како на барбика која никогаш нема да ја имаш, за со неа да си играш“ (ФОТО)

Сите до неа со роденденски честитки, Карлеуша до него со скриена порака: „Мисли на мене како на барбика која никогаш нема да ја имаш, за со неа да си играш“ (ФОТО)

Русокосата скандал дама одново не седи мирна. Напротив, нов ден – нова можност за Карлеуша да си ја наполни својата душа или можеби некому да му го „загорли“ животот. Зашто како поинаку би ја сфатиле најновата провокација на пејачката, која овој пат влегла во ликот на најпознатата кукла на светот – планетарно популарната Барби. Или барем го искористила нејзиниот лик, за некому да му прати скриена сурова порака.

Облечена во розов мини фустан, деколтиран до брадавици и кус до подножјето на меѓуножјето, русокосата ја распуштила косата па испратила отровна порака до некој кој само таа и тој ја разбираат. патем не заборавила да си го честита себе си роденденот, како и да прикаже дел од роденденските честитки кои пристигнаа на нејзина адреса.

Сепак, пораката до „(не)познатата личност“ кажува многу повеќе отколку пораките на познатите до поп-фолк дивата.

„Мисли на мене како на барбика која никогаш нема да ја имаш, за со неа да си играш“ – споделила Карлеуша, во пораката која најверојатно ќе допре до оној кој треба да ја разбере.

Останатотот е грст желби за… „Среќен роденден“… кралице, диво, единствена, убавино, ѕвездо, злато…!

Останати вести од Радио Милева