„Сирилик“ важат за едни од најнадежните нови имиња на домашната сцена. Македонското електро-дуо деновиве издаде нова песна и видео за истата насловена како „Доволно“.
Тимот кој соработуваше на претходните проекти ( “Feel Like”,“Right here”) и овој пат ги здружил силите, талентот и музичките потенцијали па прилепскопто дуо, остана трио, односно квартет на уметници кои ја создадоа и новата песна, овој пат наместо на Англиски, отпеана на Македонски јазик.
Дина Јашари заедно со братското дуо соствено од Бојан и Андреј (“Сирилик“) ја компонирала музиката за „Доволни“, а самата и ги напишала и стиховоите за песната, зад чиј микс и мастеринг стои Иван Јованов – „Ивајо“, додека вокалните делници овој пат и се доверени на младиот вокал, велешанката Валери Димовска, на јавноста позната по учеството во ТВ шоуто „На иста адреса“!
Наместо на Зоран Зонде Стојановски како во претходниот спот, режијата овој пат му е доверена на Христијан Конески, македонски иселеник кој живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде што на различни локации од улиците на овој мегалополис е и снимено видеото за песната во 4К техника.
Во него како артисти – модели се појавуваат Кристина и Алекс Лобанови.
Како сето тоа звучи и изгледа, проследете во продолжение: