Александра Пријовиќ не може да се види често надвор, па откако медиумите ја фатија на прошетка, за нејзините обожаватели тоа беше вистинско и ретко задоволство.
Пејачката носеше долго здолниште и заштитна маска на лицето, како и ракавици. Заштитена по сите прописи. Потоа на Прија и се придружи и нејзината мајка Борка.
Двете седнаа заедно во паркот, па наскоро се вратија во куќата, а сето тоа го овековечи екипата на „Папарацо лов“.
Досега, Александра Пријовиќ најчесто меѓународниот ден на трудот 1. Мај го прославувала работно. Оваа година, сепак, по сила на нештата ќе „крене рачна“ и ќе го замени микрофонот со чаша добро вино, во дворот на домот на нејзиното семејство на Бежаниска коса во Белград.
Како што самата открива, синот Александар токму вчера проодел и веднаш станал „господар на домашниот простор“. Откако малиот Александар се родил, тој е секако шеф на нејзиниот и животот на сопругот Филип.
„И да не го пуштаме, тој сигурно го прави она што го сака. Тој само што прооде, па сега е господар на просторот, а ние како и сите родители уживаме во секој чекор од неговиот живот“ – резимираше Прија, која сепак не го зеде со себе малиот Александар кога излезе надвор од куќата, туку на прошетка поведе некој сосема друг… Нивниот домашен миленик, нивниот пес, белата рунтава пудлица.