Македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски е горд татко на две прекрасни деца, синот Јан и ќерката Ана кои се неговата најголема љубов и гордост во животот.
Уметничкиот ген не ги одминал неговите наследници, кои денес веќе добро знаат кој е нивниот животен пат и професионална определба. Помалиот Јан, неодамна импресионираше на настапот на „Златна бубамара“ заедно со татка си, и уште еднаш покажа дека музиката и уметноста течат низ неговите вени .
За разлика од Влатко, Јан е страствен вљубеник во ударните инструменти, а пак за Ана, музиката не е професионална определба, туку книжевноста и литературата.
„Ќерка ми Ана самата доби стипендија, магистрираше во Италија и наскоро треба да докторира на Универзитетот во Падова на тема италијанска книжевност“- открива Стефановски за ќерката.
Инаку, на дел од неговите настапи, Влатко не ретко патува заедно со Јан и со Ана.
Влатко Стфановски е активен корисник на социјалната мрежа Инстаграм, каде често знае да сподели некоја заедничка фотографија со наследниците, токму од нивните заеднички патувања низ светот.