Радио Милева
принова

Синот на Цеца објави убава вест: Вељко Ражнатовиќ ќе стане татко по трет пат,  еве кој пол е бебето (фото) 

Синот на Цеца објави убава вест: Вељко Ражнатовиќ ќе стане татко по трет пат,  еве кој пол е бебето (фото) 

Вељко Ражнатовиќ сподели убави вести на Инстаграм, заблагодарувајќи му се на Бога затоа што неговата сопруга Богдана повторно на свет ќе донесе уште едно дете.

Тој во објавата на социјалната мрежа покрај фотографијата сподели и краток опис:

„Слава ти Боже! Ти благодарам, Господе, за се што ми даде како грешник. Слава на отецот и синот и Светиот Дух! Богдана, кралица на мојот живот!“

А, потоа Вељко го сподели и резултатот со кој го потврдува и полот на бебето. 

Вељко подоцна сподели и фотографија од неговите синови Жељко и Крстанкаде напиша:

„Доаѓа уште еден дечко!“

Вељко и Богдана се венчаа во 2019 година, а по тој повод организираа гала прослава за која се зборуваше со месеци. Набрзо го добија својот прв син, кого го крстија по покојниот татко на Вељко, Жељко, а потоа уште еден, кого го нарекоа Крстан – „Крстан е особено старо српско име. Тоа е единствено, а не општо име, што секако е уште подобро за нас. “, изјави тогаш тој.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Вељко Ражнатовиќ/Антонио Ахел/Ата Имаџес/СТ/Д. Кадич

Останати вести од Радио Милева