Синот на пејачката Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ пред неколку дена излезе од затвор и живее во хотел, а како што тврди за српските медиуми иако е во добри односи со неговата мајка не му паѓа на памет да живее со неа и нејзиниот избраник Вања.
Марко вели дека тој и Снежана се во добри односи, како и дека пејачката дошла по него кога излегол од затвор. Меѓутоа, тој од затвор заминал право во хотел.
„Мама дојде по мене во затвор. Ние сме сега во супер односи. И додека бев во затвор таа доаѓаше да ме посети. Сепак, не ми паѓа на памет да живеам со неа бидејќи таму е и Вања. Не можам да се замислам себеси во таа куќа, иако мама ми понуди покрив над главата. Сега сум во еден хотел, но гледам да изнајмам и стан“ вели Марко за „Информер“ и додава:
„Се пишуваше дека сум учествувал во кражба во домот на мојата мајка. Тоа не е точно. Па, не сум луд за да ја ограбам куќата каде што живеам? Освен тоа, таму има многу камери, а и нема ништо вредно. Мене ми приведоа бидејќи направив глупост на еден натрпевар на „Маракана“, а бев на условна слобода“ вели Марко.
Марко вели дека најсреќен момент му бил кога излегол од затвор и ги видел своите деца Милош и Луна.
„Деца не ме препознаа кога излегов од затвор. Мојот син Милош се разбира, а ќерката од среќа само ме бакнуваше и прегрнуваше“ вели синот на пејачката.