Радио Милева
непоправлив насилник...

Синот на Оливер Мандиќ не престанува да дивее: Откако ја претепа мајка му и нападна полицајци, сега и го демолирал автомобилот на бившата жена!

Синот на Оливер Мандиќ не престанува да дивее: Откако ја претепа мајка му и нападна полицајци, сега и го демолирал автомобилот на бившата жена!

Даријан Мандиќ, синот на легендарниот музичар и пејач Оливер Мандиќ, вечерта го демолираше автомобилот на неговата поранешна сопруга Јелена Мандиќ.

На видеото што се појави се гледа како Мандиќ, претходно познат по агресивното однесување, се приближува до автомобилот, првин го крши задното стакло, а потоа и стаклата од вратите и ветробранското стакло. Во еден момент, тој забележал полициски автомобил и се сокрил.

Потоа полицајците се качиле во станот во кој живее неговата поранешна сопруга Јелена, но додека тие ја земале нејзината изјава, тој отишол во полициската станица во Нов Белград, се пријавил и кажал што направил. Наводно Даријан Мандиќ не бил приведен од полицијата, а соседот кој се јавил и ни кажал од каде го знае тоа.

„Утрово ми се јави мене и на сите други соседи на домофон, беше нешто пред 7 часот. Тоа значи дека не го задржаа. Не ја видов соседката Јелена и не разговарав со неа, но знам дека имаат проблеми од порано и дека Даријан дојде и направи непријатни сцени“ – рекол соседот кој замолил да не биде именуван.

На фотографиите од уништениот автомобил се гледа дека Мандиќ туркал картонски кутии во автомобилот со цел да го запали, но тој очигледно се откажал од таа намера откако дошла полициската патрола.

Да потсетиме, Даријан (39) беше уапсен во јули годинава во стан во Вождовац, бидејќи ја претепал својата мајка Мирјана (64). Имено, Дарјан, наследникот на Оливер Мандиќ, беше уапсен откако нападнал полицајци кои дошле, откако било пријавено семејно насилство од страна на неговата мајка Мирјана (64).

Но, потоа тој бил ослободен по сослушувањето во Второто основно обвинителство, објавија тогаш медиумите.

Фото: Рас/Србија/ Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева