Радио Милева

Синот на Лепа Брена откри зошто не е на одмор со семејството Живојиновиќ

Синот на Лепа Брена откри зошто не е на одмор со семејството Живојиновиќ
фото: ало/ненад вујановиќ

Семејството Живојиновиќ, односно Лепа Брена со Боба и помалиот син Виктор, како и снаата Александра Пријовиќ уживаат на Тајланд.

Имено, тие секоја година традиционално во јануари одат на заеднички одмор каде ги полнат батериите.

Оваа година со нив не замина и поголемиот син Стефан Живојиновиќ. Тој настапуваше за Стара нова година и откри зошто моментално не е со неговото семејство, но и откри наскоро ќе им се придружи.

„Одам два дена во Дубаи и потоа пет дена на Малдивите. Два дена ќе бидам со мојата екипа, а потоа се придружувам на семејството“ вели Живојиновиќ.

Тој додаде дека кога е помалку дена на одмор со семејството е поинтезивно и поубаво.

Останати вести од Радио Милева