Радио Милева

Синот на Лепа Брена наполни 26 години, а еве на која луксузна дестинација го слави роденденот!

Синот на Лепа Брена наполни 26 години, а еве на која луксузна дестинација го слави роденденот!

Постариот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ наполни 26 години, а својот роденден не го прослави во Белград.

Иако Живојиновиќ се познати по тоа што ги сакаат семејните собирања, овој пат не го прославија роденденот во полн состав.

Стефан и неговиот помал брат Виктор се во Монако, а во друштво на пријателите и со вечера го прослави својот роденден.

 

Брена ја искористи приликата да му го чесита роденденот на  синот на Инстаграм.

Moj zivot,ljubav i sreca???Sretan ti rodjendan?

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Стефан тргна по стапките на мајка си, па дури ја придружуваше на турнеја во Америка.

За потсетвување, на 23 ноември 2000 година, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ беше киднапиран пред нивниот дом на Бежаниска коса.

Денес, Стефан порасна во вистинско момче, а многумина му предвидуваат добра кариера.

фото:инстаграм

 

To top