Синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ привлекува големо внимание на јавноста уште од своето раѓање. Особено таа 1996 година за него владееше голем интерес и многумина ја молеа фолкерката да го понесе наследникот со неа на некое шоу или ТВ емисија.
Три години подоцна, Цеца го стори токму тоа – бидејќи ниту таа, ниту нејзиниот сопруг Аркан немаа против.
Тогаш, малиот тригодишен Вељко запеа со мајка си „Волела сам, волела“ како специјален гостин во шоуто „Добредојдовте“, а песната ја испеа точно од збор за збор.
Иако малечок, Вељко владеел со сцената, па сите предвидувале дека ќе ја наследи мајка му Цеца, но… Подоцна сепак го одбрал својот пат.
Тој денес се занимава со бокс, но видеото што во моментот кружи на социјалните мрежи на кое тој ја пее познатата песна со славната мајка, не е заборавено.
Фото: Инстаграм Цеца / Јутјуб принтскрин
https://www.youtube.com/watch?v=x8dsA3xXc2E