Радио Милева
корона парти...

Синот на Брена и ќерката на Цеца го минаа викендот заедно: Виктор и Анастасија на заедничка журка на која (се) испија 28 шишиња вино!

Синот на Брена и ќерката на Цеца го минаа викендот заедно: Виктор и Анастасија на заедничка журка на која (се) испија 28 шишиња вино!

Виктор Живојиновиќ и Анастасија Ражнатовиќ викендот го поминле заедно во Нови Сад! Синот на Брена и ќерката на Цеца направиле забава во куќата на момчето на Анастасија,  Ѓорѓе Куљиќ.

Виктор се пофали на социјалните мрежи дека од петок попладне до понеделник наутро, испиле 28 шишиња вино од винаријата на неговиот татко, Боба Живојиновиќ.
Анастасија и Виктор се дружат со години. Покрај тоа што има многу меѓусебни пријатели, Виктор го познава момчето на Анастасија уште од детството.

Од почетокот на корона епидемијата не се виделе, па едвај чекале да поминат заеднички викенд во Нови Сад. Тие поканиле уште неколку пријатели и музика, па направиле луда журка“ – вели извор за српски Информер, додавајќи:

„Тие ги поминаа деновите со скара покрај базенот, а вечерта го пијеа виното што Виктор го донесе од винаријата на неговиот татко, Боба. Виктор не одолеа да не се пофалиа на социјалните мрежи  дека испиле 28 шишиња вино во текот на викендот!

Во понеделникот наутро сите отидоа во своите домови освен Анастасија, која остана со своето момче и му помогна да се исчисти сиот неред.


Виктор ја довел и својата девојка Сандра Миљаковиќ на забавата. Иако тие уште од минатата година се заедно, а таа е  студент по српски јазик и литература, дури минатиот викенд  тој ја запознал со Анастасија Ражнатовиќ. Двете воглавно зборувале за модата и шминката, бидејќи Сандра е и шминкерка.

Останати вести од Радио Милева