Синот на Аца Лукас, Лазар Вуксановиќ и неговата сопруга Ана пред еден месец станаа родители за прв пат.
Парот доби момче, а синот го крстиле по дедото на Лазар – Вуксан. Лазар сега на својот Инстаграм ја објави првата фотографија од својот наследник кој наполни еден месец.
Гордите родители на бебето ставиле Црвена звезда, додека и позадината исто така беше во црвено-бела боја.
View this post on Instagram
– Ова е најсреќниот ден во нашиот живот. Мојата сопруга е одлична, се помина добро. Таа е исцрпена, но полека сè се стабилизира. Синот го добил името по неговиот дедо и добил највисоки оценки од докторот. Еве ние славиме во кругот на семејството, а баба по цел ден плаче – изјавил Лазар за „Курир.рс“ кога стана татко.
Фото: Принтскрин/Ч.Вукојичиќ