Познатата фолк пејачка Нада Топчагиќ долги години е во брак со Златко Ѓорѓевиќ, со кој го има синот Мирослав Ѓорѓевиќ.
Нада не е како многу нејзини колешки кои сакаат јавно да ги експонираат своите деца, туку се труди својот приватен живот да го задржи само за себе. Ретки се моментите кога на социјалните мрежи го покажува синот единец, а тоа е штета, бидејќи синот на Нада е вистинскi убавeц.
Микица, како што со милост го нарекува мајка му, е грижлив сопруг и горд татко на две деца. Топчагиќ за првпат стана баба во 2011 година кога се роди нејзината внука Марија, а пет години подоцна и внукот.
На социјалните мрежи се појави фотографија од среќно семејство кога Мирослав бил бебе, а јасно е колкава љубов и внимание му посветувале родителите уште од мали нозе.
View this post on Instagram
Инаку, пред повеќе од десет години семејството Топчагиќ-Ѓорѓевиќ доживеа вистинска семејна драма кога Микица се повреди на скијање на Јахорина. Тој тешко ја повреди десната нога, а лекарите дури двапати го вратија во живот. Имено, 20 минути по несреќата тој лежел повреден на снегот, а дури тогаш пристигнала спасувачката екипа. За тоа време изгубил многу крв, па кога бил примен во болница, лекарите морале да се борат за неговиот живот.
– Додека јас и Златко не стигнавме до него, воопшто не верувавме дека е жив! Сакавме да го префрлиме во Белград, а бидејќи не беше способен да вози автомобил или брза помош, се обидовме да најдеме хеликоптер. Во тоа најмногу ни помогнаа Марија Шерифовиќ и нејзината мајка Верица – открила тогаш Нада, присетувајќи се на денот кога нејзиниот син дури двапати бил во состојба на клиничка смрт.
фото:Instagram printskrin